Барсегјан против Македонија само гледач

359

Тигран Барсегјан за навивачите на Вардар засекогаш ќе биде името кое ќе внесува топлина во срцата. Ерменскиот напаѓач беше дел од нашиот најтрофеен клуб во звездените моменти, кога Вардар обезбеди пласман во Лигата на Европа, и кога токму со неговиот гол против Фенербахче во Скопје тоа стана реалност.

Сега, години минати од тој успех, Барсегјан пристигнува во Скопје како репрезентативец на Ерменија, но и сега веќе како играч на Астана. За негова жал, а на наша среќа сега, тој има недозволен број на жолти картони во моментов во квалификациите, па ќе мора мечот во Скопје да го одгледа од трибини.

Тоа за нас секако е голем плус, затоа што многу добро знаеме за што е способен напаѓачот, кој сега е еден од најдобрите играчи во домашната лига на Казахстан.

 

 

ПретходноБилетите за Ерменија и Романија пуштени во продажба
СледноКиелини до Алегри: Ова не е тим (ВИДЕО)