Вардар ги пушти во продажба сезонските билети, истите можат да се купат под посебни услови

392

Денеска во 12 часот почнува продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар1961 за мечевите на домашен терен во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашниот шампионат.

Продажбата на сезонските билети ќе трае до 14 септември 2021 година, а потоа доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Натпреварите ќе бидат организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истите ќе бидат со ограничен број на публика. За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански” ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Цени на сезонските билети:
Блокови 1, 2 и 9:
Цена – 2.500 денари

Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена – 3.000 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена – 3.500 денари

Од 15 септември 2021 година почнува продажбата на индивидуални билети за првиот меч од ЕХФ лигата на шампионите на домашен терен, против Мешков Брест што е закажан за 22 септември.

ПретходноНиколиќ и Луис нови имиња во Куманово
СледноКОМЕНТАР НА 5.КОЛО: Чаирчани го запоседнаа врвот, уште едно ШОУ во Штип, толку од Пане…