Вујовиќ пред реваншот во Загреб: Нема да ја браниме предноста

158
Тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ пред реваншот со ППД Загреб во СЕХА Лигата, истакна дека „црвено-црните“ нема да патуваат во Хрватска да ја бранат предноста, туку да одиграат добар натпревар.
„Не очекува тежок натпревар. Ќе мораме да одиграме многу добро, Ако одиме да браниме 4 гола, нема да поминеме. Па и ако не играме добро, можеби ќе загубиме со 1. Ако калкулираме со времето и семафорот нема да минеме. Во СЕХА лигата сите имаат шанса да стигнат до Ф4. Сакам Вардар да остане како единствен тим кој настапил на сите Ф4 турнири.

Покажавме дека играме одличен ракомет со многу контакти. Многу фактори ќе решаваат. Шансите се на наша страна, мислам дека ќе постигнеме повеќе од 21 гол, што би значело дека Загреб ќе мора да победи со најмалку пет гола. Мислам дека е во наша корист што ќе има навивачи на трибините“, рече Вујовиќ.
Реванш натпреварот од четврт-финалето на СЕХА лигата меѓу ППД Загреб и Вардар се игра утре во 20 часот во Загреб. Првиот меч заврши со триумф на Вардар, 24-20.
ПретходноЈаневски прв фаворит за АПОЕЛ, го делат само детали од потпис!
СледноСабицер го исполни сонот: Како мал, секоја година купував по еден дрес од Баерн!