Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, има повреда и ќе мора да одмора извесен период, објавија денеска од клубот. Нашиот интернационалец мораше да се повлече од подготвителниот натпревар против Сарагоса во петокот, откако имал непријатност во десната надколеница.
Тестовите направени денеска покажале дека Димитријевиќ има мускулна повреда на десниот адукторски мускул, што ќе мора да го стави во период на рехабилитација, а лекарите засега немаат прогноза колку ќе отсутвува од терените.