Македонската фудбалска репрезентација на чело со новиот селектор Благоја Милевски пред себе има сериозен рпедизвик. Има квалификациски тромеч кој започнува во Скопје на 2 септември против репрезентацијата на Ерменија. Кога станува збор за оваа селекција, ние можеме слободно во рамките на нашата фудбалска историја буквално да посветиме еден цел дел. Имаме многу квалификациски дуели одиграни со нив, а за претстојниов Ерменците во Скопје пристигнуваат денеска.
Се подготвуваат веќе трет ден, нивниот собир беше во петокот во Ереван, а денеска пристигнуваат во Скопје со специјален лет.
Нивната најголема звезда Хенрик Мхитарјан доаѓа директно во Скопје и им се приклучува на неговите репрезентативни колеги.
Без Бриаско од Бока Јуниорс
Она што е вредно за споменување кога станува збор за составот на Ерменија, кој пристигнува во Скопје, е фактот што во него го нема, досега во квалификациите стандардниот Норберто Бриаско, играчот на Бока Јуниорс. Тој ги одигра сите три меча досега во групата но овојпат поради поведа отпаѓа од комбинација.