Клоп: Црвениот картон го расипа натпреварот

213

Вчера се одигра првото големо дерби во овогодиешниот Премиер лигашки шампионат.

Ливерпул и Челзи одиграа 1:1, а еден од клучните моменти на мечот беше досудениот пенал за Ливерпул и дирекнтиот црвен картон за Рис Џејмс поради намерно играње со рака.

Тоа според менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е моментот кој го одведе овој меч во друг правец и реално го расипал дербито.

„Никогаш не ми се допаѓа двојно казнување, ако некогаш некој слуша што зборувам за правилата или промените во правилата, многу работи би биле сосема различни, но тие се сепак такви какви што се. Одлуката за црвениот картон беше апсолутно остра и да, веројатно го уништи натпреварот “, коментираше Клоп.

„Ми се допадна нашето прво полувреме, ние му создадовме проблеми на Челзи. Го сторивме тоа и во второто полувреме, Челзи исто така покажа неверојатен интензитет. Тие се претставија добро и го заслужија бодот, се разбира, но јас навистина сакав натпреварот да остане во ситуација 11 на 11 “, додаде Клоп.

ПретходноРондо пред кам бек во Лејкерси
СледноБилетите за Ерменија и Романија пуштени во продажба