Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Даниел Џејмс денеска го напушти „Олд Трафорд“ и се преслеи на „Еланд Роуд“ во дресот на Лидс.
Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, беше јасно дека 24-годишниот напаѓач не може да очекува стартно место во тимот, па затоа одлучи да замине во Лидс Ј. каде ќе треба да биде еден од главните фудбалери во изборот на Биелса.
Клубовите брзо се согласија, а вредноста на трансферот е 28 милиони евра. Напаѓачот ќе мине лекарски прегледи утре, а потоа трансферот ќе биде официјализиран.