Шпанска „Марка“ открива дека ПСЖ ја одбил најновата понуда од Реал Мадрид за трансфер на Килијан Мбапе, и со тоа е извесно дека тој уште барем една сезона ќе остане во Париз.
Наводно ПСЖ ја одбил и последната понуда која изнесувала 170 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси.
Марка пренесува дека наводно Мбапе имал и разговори со челниците на ПСЖ кои го убедиле дека и натаму ќе биде првотимец, и покрај доаѓањето на Меси и присуството на Нејмар, што полека го премислила. Вчера Мбапе постигна два гола во победата на ПСЖ над Ремс.
Мбапе имаше желба да биде дел од Реал Мадрид, но за такво нешто ќе мора да почека барем уште најмалку една година.