Откако Ливерпул не сакаше да го задржи по полугодишната позајмица од Шалке, турскиот репрезентативец Озан Кабак од денеска е нов играч на друг премиерлигаш – Норвич Сити. „Канаринците“ го комплетираа потписот на дефанзивецот од ФК Шалке 04.
Кабак, доаѓа на едногодишна позајмица и ќе го носи дресот со број 15. Клубот ја задржува опцијата да го направи договорот постојан на крајот на сезоната 2021/22.