Светот го дочека дебито на Лионел Меси во дресот на ПСЖ. Се случи тоа синоќа на гостувањето кај Ремс, каде што Парижаните триумфираа со двата гола на Килијан Мбапе. Победата нормално во сенка на Аргентинецот кому по мечот му пријдоа речиси сите да му честитаат.
Чекор понатаму отиде голманот на домашните, Србинот Предраг Рајковиќ кој реши да го овековечи овој момент, и го доведе неговиот син од трибините за да направи фотографија со Меси.