Реал Мадрид го потпишува Мбемба во финишот на преодниот рок!?

216

Одбранбениот фудбалер на Порто, Шансел Мбемба може да се пресели во редовите на Реал Мадрид во финишот на преодниот рок, пренесува „Фут меркато“. Порто за капитенот на ДР Конго бара 8 милиони евра што е прифатлива цена за „кралевите“ кои би ја зацврстиле одбраната по заминувањата на Варан и Рамос.

Од друга страна „Екип“ тврди дека и Лион е заинтересиран за Мбемба и ќе се обиде да го донесе до утре.

Мбемба играше во младите категории на Андерлехт, потоа и во сениорите на оваа екипа, три сезони играше во Њукасл, а од 2018 година е во Порто. Да потсетиме дека португалскиот клуб го купи репрезентативецот на Конго од Њукасл за околу 10 милиони евра.

ПретходноЦрвена Звезда се засили со екс-напаѓач на Ајакс
СледноНа Перез му „прекипе“: Реал ги прекина преговорите за Мбапе, ќе го донесе следното лето и тоа за џабе