Сабицер го исполни сонот: Како мал, секоја година купував по еден дрес од Баерн!

186

Марсел Сабицер е нов член на Баерн Минхен. Австрискиот фудбалер потпиша договор со Баерн на четири години, и на промоцијата истакна дека му е чест што ќе го носи дресот на најтрофејниот германски тим и дека како мал сонувал за него.

„Воодушевен сум од можноста да играм за Баерн Минхен. Како дете дресот на Баерн ми беше сон. Секогаш купував по еден за Божиќ. Ќе дадам се за овој клуб да има успеси, да победуваме и да освојуваме титули“, истакна играчот од средниот ред.

ПретходноВујовиќ пред реваншот во Загреб: Нема да ја браниме предноста
СледноАлборг е новиот клуб на Алекс Трајковски!