Селекцијата до 21 година ја бара победничката тактика за Франција и Србија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

504

Македонскиот национален тим до 21. година на чело со новиот селектор Драган Канатларовски Цапар денеска го одработи вториот тренинг пред квалификациските дуели од новиот циклус, против Франција на гостински терен односно против Србија во Охрид, на 2. и 7. септември.

Нашиот национален тим има за задача да ги освои стартните бодови, кои ќе бидат многу значајни за овој циклус да се одработи како што треба.

Денеска, на комплексот Петар Милошевски младите репрезентативци одработија уште еден тренинг и пополека се бара тактиката за победа против големата Франција како и соседот Србија.

Да потсетиме дека сме некомплетни, поради одсуствата на Хајдари, Младеновски, Рустемоски, и последно од денеска и Тодоровски но со многу желба и верба во себе од оние кои се тука дека ќе изгинат во дресот со националниот грб на мечевите кои претстојат.

 

ПретходноМуслиу: До сега беше добро, но мораме уште подобро на следните средби
СледноШкендија им се заблагодари на Павиќ и Вандерсон