Младиот офанзивен играч за врска Илaикс Мориба ќе ја напушти Барселона и неговиот нов клуб ќе биде РБ Лајпциг. Агентот на фудбалерот Витман ги договорил условите за трансфер во Лајпциг. Германците ќе и платат на Барселона меѓу 15 и 17 милиони евра за неговата „слобода“, додека 18-годишниот фудбалер ќе потпише договор на пет сезони. Медицинските прегледи и потписот на договорот се закажани за утре (вторник 31 август).
Мориба уште пред неколку недели беше ставен на трансферниот список како дел од планот на Барселона за финансиска стабилизација на клубот. Поради проблеми со финансиите голем дел од фудбалерите си заминаа од „Ноу Камп“ меѓу нив и Лионел Меси.