Ермедин Адем без дилеми е играч на 5.коло во ПМФЛ. Офанзивниот играч за врска на “лавовите“ успеа да постигне три гола против Борец, во меч кој заврши со триумф на Македонија ЃП со 3:2. Значи Адем сам ги победил велешани. Уште една добра партија на искусниот Адем, кој оваа есен како да „експлодира“. Моментално е прв на листата на стрелците со 5 голови.
Покрај него во тимот на колото се и Јанков и Илиевски од Работнички, Мециновиќ од Струга ТЛ, Радуловиќ-Величковиќ и Јуфо од Пелистер, Трајкоски од Борец, Ескиќ и Алтипармаковски од Брегалница, Хамиди и Адетунџе од Шкупи.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЕРМЕДИН АДЕМ
Клуб: Македонија ЃП
Роден: 07.07.1990 во Скопје
Кариера: Шкупи, Милано, Тетекс, Ренова, Македонија ЃП