Тргна и „А“ селекцијата: Нова страница – нови успеси (ФОТОГАЛЕРИЈА)

542

Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одработи првиот тренинг под раководство на новиот селектор Боби Милевски. Новата страница е свртена, од оваа подновена селекција се бара продолжување на успешните резултати. Без Игор Ангеловски и без капитенот Горан Пандев екипата тргна во подготовски за претстојните квалификациски натпревари со Ерменија, Исланд  и Романија.

Тука се дебитантите Никола Серафомов, Тодор Тодоровски и Бојан Миовски. На денешниот тренинг ги немаше Елмас, Јаховиќ и Димитриевски поради клупски обврски, а нивното доаѓање се очекува утре.

ПретходноТалентираниот Мориба се договорил со РБ Лајпциг
СледноТрајковски: Сакам да продолжи добрата низа со резултати