Хрват во одбраната на Борусија Дортмунд

130

Борусија Дортмунд во одбраната ќе настапува со хрватски репрезентативец. Станува збор за Марин Понграчиќ од Волфсбург, кој што треба денеска да го комплетира трансферот.

Понграчиќ во минатото беше дел од Ред Бул Салцбург, каде што беше трениран токму од Марко Розе, сегашниот тренер на „милионерите“ кој добро го познава Хрватот.

Иако е роден во Германија, Понграчиќ настапува за Хрватска, за која има два настапи.

ПретходноАлборг е новиот клуб на Алекс Трајковски!
СледноНиколов: Само Финска е во глава, одиме меч по меч