Јаневски прв фаворит за АПОЕЛ, го делат само детали од потпис!

167

Според најавите од Кипар, македонскиот тренер Чедомир Јаневски е на добар пат да ја превзеде клупата на кипарскиот тим АПОЕЛ.

Јаневски треба да го раскине договорот со селекцијата на Јужна Африка каде работи како помошник, па потоа да замине на Кипар и да го стави потписот на договорот.

Тој е прв фаворит за превземање на клупата која остана испразнета по смената на Пурсанидис.

Јаневски веќе има искуство со екипи од Кипар, откако во минатото беше дел од Енозис, Етникос Ахна и Олимпијакос Никозија.

ПретходноПотегот на Гвардиола: Крилото го стави шпиц, а шпицот крило – следуваше „петарда“
СледноВујовиќ пред реваншот во Загреб: Нема да ја браниме предноста