Ангеловски: Вторпат отвораме со Финска, но сега сме поискусни

271

Либерото на нашата одбојкарска репрезентација, Дарко Ангеловски, во пресрет на првиот меч на Европското првенство против домаќинот на групата, селекцијата на Финска, вели дека оваа селекција е многу поискусна од онаа која пред две години дебитираше на континенталните собири.

„Првиот натпревар на првото европско првенство го игравме против Финска и бевме во грч затоа што дебитиравме на европската сцена. Вторпат отвораме со Финска, со тоа што сега сме поискусни за две години. Фокусот ни е најмногу на Финците, а потоа ќе ги гледаме другите противници и ќе се подготвуваме за да оствариме позитивни резултати“, вели Ангеловски.

Македонските одбојкари веќе два дена се во Тампере каде денеска имаа два тренинзи, а утре ќе го имаат и официјалниот тренинг пред првиот меч на шампионатот.

фото: cev.eu

ПретходноНа Перез му „прекипе“: Реал ги прекина преговорите за Мбапе, ќе го донесе следното лето и тоа за џабе
СледноДимитријевиќ се повреди на тест-меч за Валенсија, следува пауза