Муслиу: До сега беше добро, но мораме уште подобро на следните средби

188

Денеска „А“ селекцијата на Македонија го одработи првиот тренинг под раководство на новиот селектор Благоја Милевски, а за очекувањата од претстојните квалификациски натпревари со Ерменија, Исланд и Романија зборуваше и дефанзивецот Висар Муслиу. До сега Македонија одигра три меча и собра шест бода – пораз од Романија и победи над Ерменија и Германија.

Среќен сум што сум дел од оваа репрезентација. Првите три натпревари во квалификациите за СП 2022 беа според планот со бодовите, но треба уште да се подобриме во следните средби. Мора да се прилагодиме на плановите и на идеите на новиот стручен штаб, но тоа мислам дека многумина од нас го знаат, затоа што сме работеле со Милевски и за брзо време ќе биде се како што треба.

Прв натпревар ќе ни биде Ерменија, секоја година играме со овој ривал во изминатиот период. Ги имаме анализирано повеќе пати, но мора да покажеме на терен што и како умееме“, изјави Муслиу.

ПретходноТрајковски: Сакам да продолжи добрата низа со резултати
СледноСелекцијата до 21 година ја бара победничката тактика за Франција и Србија (ФОТОГАЛЕРИЈА)