На Перез му „прекипе“: Реал ги прекина преговорите за Мбапе, ќе го донесе следното лето и тоа за џабе

358

Реал Мадрид се откажа од идејата за купување на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе до крајот на овој летен преоден рок. Веста ја потврдија повеќе угледни медиуми.

„Кралскиот клуб“ понуди 180 милиони евра со бонуси за Мбапе и постави рок ПСЖ да одговори на оваа понуда. Парижаните не го испочитуваа рокот, па Реал се повлече од преговорите.

Сега мадридскиот клуб има намера да го контактира Мбапе во јануари и да му понуди прелиминарен договор. Тоа ќе му овозможи на Реал Мадрид бесплатно да го ангажира Французинот следното лето.

ПретходноРеал Мадрид го потпишува Мбемба во финишот на преодниот рок!?
СледноАнгеловски: Вторпат отвораме со Финска, но сега сме поискусни