Николов: Само Финска е во глава, одиме меч по меч

113

Македонската одбојкарска репрезентација се подготвува за првиот меч на ЕП во Финска против домашната селекција. Во очекување на исклучително важниот меч за старт во една од најсилните групи на првенството, средниот блокер на нашиот национален тим, Ристо Николов со свое размислување за она што не очекува на почетокот на континенталното првенство.

Групата речиси цела се повтори освен две репрезентации коишто се променија, но можам да се согласам со забелешката дека сме помирни, ја нема таа еуфорична трема како тогаш. Би било добро сега да започнеме со победа, па да видиме како ќе се развиваат настаните натаму“, вели Николов.

Искуството од Љубљана им овозможи на македонските одбојкари полесно да ги гледаат предизвиците во групата во Тампере, каде што сите репрезентации ќе сакаат повеќе од претходниот собир.

„Сега размислуваме само за Финска затоа што така е најпаметно без оглед дали играме квалификации, Европска лига, или, пак, Европско првенство. Размислуваме натпревар по натпревар бидејќи веќе сме искусна екипа и нема зошто да се залетуваме. Напротив, ќе одиме полека“, дополнува Николов.

Македонија првиот меч со Финска го игра в среда од 19 часот во Хакаметса Арената.

ПретходноХрват во одбраната на Борусија Дортмунд
СледноТалентираниот Мориба се договорил со РБ Лајпциг