Пелистер закажа контроли во Солун

221

Екипата на Пелистер и официјално почна со подготовките за новата сезона во која покрај домашните обврски ќе настапува и во АБА 2-лига. „Базата“ на избраниците на Марјан Илиевски ќе биде Битола, во меѓувреме додека се работи на физичката подготовка, стратегот на Пелистер ги крои плановите за пријателските натпревари.

Два датуми веќе се резервирани, на 8. септември е закажана е контрола со Арис, додека осум дена подоцна, Пелистер ќе одигра и меч против ПАОК. Двете средби ќе се играат во Солун.

Пелистер во преодниот рок беше доста активен, потпиша неколку македонски репрезентативци и со тоа најави дека атакува на двете домашни титули, но и добра дебитанска сезона во второлигашкото јадранско натпреварување.

ФОТО: КК Пелистер

ПретходноСТАРТУВА УС ОПЕН: Ѓоковиќ сака да испише историја
СледноРепрезентацијата се комплетира, вечерва првиот тренинг