Перез не остана со празни раце: Реал го купува Камавинга, фудбалерот е веќе на прегледи!

861

Само неколку часа откако стана јасно дека Реал Мадрид ги прекина преговорите со ПСЖ за Килијан Мбапе, вечерва од Франција стигнува вест дека “кралевите”, сепак, ќе купат нов фудбалер од Франција.

Станува збор за младата ѕвезда на Рен, Едуардо Камавинга, кој беше мета на Манчестер Јунајтед, но преговорите со англискиот клуб, скоро и да не започнаа.

Француски Канал Плус објави дека Камавинга веќе е на прегледи, а наскоро ќе се знаат и деталите од трансферот на “Бернабеу”.

ПретходноОд Ливерпул во Норвич: Кабак во Премиер лигата и оваа сезона
СледноСрбија, Хрватска и Црна Гора, можни противници на Македонија во мундијалските квалификации