По 11 години поминати во клубот: Ватфорд реши да не му го продолжи договорот на Дини

606

По 11 години поминати во дресот на Ватфорд, напаѓачот Трој Дини денеска доби и официјален одговор од клубот дека договорот нема да му биде продолжен. Капитенот на клубот, го заврши актуелниот договор со Ватфорд ова лето, но сакаше да остане и во текот на наредните две сезони.

На 33-годишниот Дини, претседателот Скот Даксбери му се заблагодари за времето поминато во Ватфорд.

„Низ многу височини и падови, името на Трој Дини е неразделно поврзано со Ватфорд веќе 11 години. Мислам дека бевме добри со него и знам дека тој беше неверојатно добар со нас. Од моја страна, како претседател и извршен директор, размислувам за многу позитивна и заемно почитувана врска со Трој“, напиша Даксбери.

Трој Дини го напушта Ватфорд по 11 години, 419 одиграни натпревари и 140 постигнати голови. Следна негова дестинација ќе биде второлигашот Бирмингем.

ПретходноЕрменците попладнево тренираа во Скопје, им се приклучи и првата ѕвезда – Мхитарјан (ФОТО)
СледноОд Ливерпул во Норвич: Кабак во Премиер лигата и оваа сезона