Денеска репрезентацијата на Македонија ги очекува последните фудбалери кои треба да се приклучат на мини подготовките кои започнуваат вечерва.
Селекторот Благоја Милевски до крајот на денов ќе ги има на располагање сите репрезентативци на кои ќе смета на престојните квалификациски натпревари за пласман на СП.
Дојдоа денеска Барди, Алиоски, потоа останатите кои вчера имаа обврски и не беа во можност да се јават на првата прозивка.