Српскиот шампион Црвена Звезда се пофали со нов фудбалер, холандскиот интернационалец Ришаиро Живковиќ. Се работи за фудбалер роден во Холандија, татко му е од Курасао, а мајка му е Србинка па од тука и српското презиме.
Тој е дете на Гронинген, а од 2014 до 2017 година е член на славниот Ајакс. Има само седум настапи за А тимот, а 40 за вториот тим и дури 27 голови. Потоа играл како позајмен во Вилем Втори и Утрехт, па во белгиски Остенде, кинеските Чангчуи и Гуангжу РФ и кратко во англиски Шефилд Јунајтед.
Има играно за младинските категории на Холандија (9 меча и 4 гола за селекцијата У21).