Шкендија им се заблагодари на Павиќ и Вандерсон

796

Актуелниот шампион на Македонија Шкендија не тргна фуриозно во новата сезона во Првата македонска лига, очигледно дека е далеку од формата и од посакуваната игра, па по назначувањето на новиот тренер тргнаа и чистката во играчкиот кадар.

Денеска клубот им се заблагодари на левиот бек Антонио Павиќ и напаѓачот Вандерсон Да Силва. Двете страни обострано ги раскинаа договорите, па двајцата можат како слободни играчи да си побараат нови клубови.

Од Шкендија ќе си оди и Бесарт Ибраими (како што соопштивме, тој е пред трансфер во Ксанти), а пред две недели си замина Арбин Зејнулаи и најверојатно ќе си оди и Арменд Алими.

 

ПретходноСелекцијата до 21 година ја бара победничката тактика за Франција и Србија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЦрвена Звезда се засили со екс-напаѓач на Ајакс