Џордан Хендерсон утрово потпиша нов договор со Ливерпул и со тоа ги потврди најавите дека „црвените“ се пред финализација на новата соработка со него.
Капетанот на Ливерпул стави потпис на договорот во тренинг центарот осигурувајќи дека неговиот 10-годишен престој со клубот ќе биде продолжен во наредните години. Хендерсон прослави една деценија како играч на Ливерпул претходно ова лето, а во јуни одбележа 10 години откако го заврши трансферот од Сандерленд.
„Очигледно сум почестен и горд да го продолжам моето патување тука. Фантастично е што конечно се заврши процесот на потпишување и сега може да се концентрирам на иднината. Секако дека сум друг човек и играч од оној кога дојдов овде. Многу научив и пораснав во клубов и за тоа сум им благодарен на многу луѓе. Ја сакав секоја минута, дури и кога ќе погледнам во тешките времиња наназад уживав и во тие мигови што сум дел од овој клуб”, изјавил Хендерсон по потпишувањето на новиот договор.