Младата футсал репрезентација на Македонија за играчи до 19 години ќе игра во претквалификациите за Европското првентсво во Шпанија во група во Гибралтар. На вчерашната ждрепка, УЕФА го одреди патот на 33 селекции до место на завршниот турнир, а Македонија според рејтингот мора да почне од претквалификациите, каде се формирани две групи.
Македонија во друштво на Црна Гора и Гибралтар кој ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир ќе се бори за место во главната квалификациска рунда, каде ако успееме да го минеме турнирот на Гибралтар ќе се најдеме во друштво на Холандија, Турција и Италија, на квалификациски турнир кој ќе се игра во Турција.
Претквалификациите ќе се одржат од 2 до 7 ноември оваа година, додека квалификациите од 15 до 20 март следната година.