РМЦ: Реал и Рен се договорија – Камавинга на „Бернабеу“ за скоро 45 милиони евра!

318

Еден од најрелевантните спортски медиуми во Франција, Радио Монте Карло (РМЦ) предмалку и официјално објави дека Реал (М) и Рен се договориле околу деталите на трансферот на младиот офанзивен играч за врска, Едуардо Камавинга.

Според информацијата на РМЦ фиксниот дел од обештетувањето ќе изнесува 30 милиони евра, но во игра се и „мрсни“ бонуси кои можат да му донесат на Рен уште 10 до 15 милиони евра. Со тоа целиот трансфер на младиот Камавинга би се искачил и до 45 милиони евра.

Иако имаше шпекулации дека Реал ќе го остави Камавинга на позајмица во Рен до крајот на сезоната, сепак, Карло Анчелоти инсистира тој веднаш да дојде во Мадрид затоа што за него ќе има место во „кралскиот“ состав. Попладнево се чека и официјална потврда на трансферот од клубовите.

ПретходноМанчестер Јунјатед објави: Кристијано Роналдо се врати дома!
СледноЛиверпул потпиша нов договор со капитенот Хендерсон