Шкупи го договори Брдаровски!

1716

Владица Брдаровски е ново име во таборот на Шкупи. Иксусниот офанзивен бек и чаирчани успешно ги завршија преговорите, па така Брдаровски сега ќе биде алтернатива на таа деска бековска позиција. Тука е уште еден битолчанец, Томе Китановски.

Инаку Брдаровски доаѓа од Дрита Гњилане, од Косово. Претходно долги години играше во Вардаер, беше член и на Работнички, Пелистер а имаше и интернационална кариера.

Се чини дека лидерот на табелата по одиграните пет кола и тоа како има намера, со сите летни засилувања, да остане на тоа место и по две децении да ја врати титулата на Чаир.

ПретходноЃорѓиев: Ладна глава, мирни мисли и храброст, само така можеме до осминафинале!
СледноШкендија го потврди заминувањето: Бесарт – ти благодариме за сè!