АБА 2 ги потврди МЗТ Скопје и Пелистер, што се случува со Работнички?

419

АБА 2 ги потврди учесниците за новата сезона, која ќе брои 14 тима.

Од јадранското натпреварување ги открија имињата на 12 сигурни тимови меѓу кои се МЗТ Скопје и дебитантот Пелистер.

Работнички го нема на списокот на АБА 2 и покрај тоа што беше најавен од страна на Саша Богдановиќ како сигурен учесник.

Останува да видиме дали токму Работнички или некој друг тим ќе добие една од двете вајлд карти најавени од раководството на АБА2.

Тимот од “Градски Парк” лани дебитираше во ова натпреварување, требаше да се бори за опстанок, но поради пандемијата од Ковид-19, беа откажани мечевите.

Претходно„Рисовите“ се подготвуваат за „лов“ на трите бода со Ерменија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСкандал во Исланд пред Македонија: Оставка на првиот човек на федерацијата!