И дефинитивно. Бесарт Ибраими во следните две години ќе го носи дресот на Ксанти. Тој предмалку беше промовиран од страна грчкиот клуб. Инаку заслужен за овој договор е агентот Јовица Димовски.
“Секако дека сум задоволен од овој трансфер. Се уверив самиот дека е одлично организиран, со тренинг-камп на високо ниво. Мене условите ми одговараа и затоа дојдов тука. Потпишав на две години, ќе се обидам да ја оправдам довербата. Секако дека ќе се обидам да ги радувам, со голови пред се, фановите на Ксанти, на мојот нов клуб“ потенцираше специјално за Спортмедиа “кралот на головите“ во мак – фудбалот.
Бесарт не заборави да им се заблагодари на сите во Шкендија каде мина пет години од својата кариера.
“Минав одличен период во Шкендија. Ќе се сеќавам на се она што заедно го направивме. Благодарност до семејството Дестани што ми овозможи да бидам дел од клубот, благодарност и до “балистите“ кои секогаш ми беа поддршка. Благодарност до сите во Шкендија со кои бев во изминатите пет години. Му посакувам на мојот, сега веќе, некогашен клуб само успеси“ заклучи Ибраим, новиот член на Ксанти.