Бељерин по 10 години се врати во Шпанија, ќе ги брани боите на Бетис

346

Десното крило Хектор Бељерин ги напушти редовите на Арсенал и прејде во редовите на Бетис од Севиља. Шпанскиот интернационалец ќе игра за „зелено-белите“ како позајмен до јуни 2022 година.

Инаку Бељерин е во Арсенал од 2011 година кога дојде од младинската школа на Барселона. Играше за младите категории на „топчиите“, па од 2013 година и за првиот тим со исклучок на една сезона 2013-14 кога отиде на позајмица во Вотфорд.

Шпанскиот репрезентативец има 240 настапи за Арсенал во сите конкуренции, освојувајќи три ФА купа и три трофеја од Комјунити шилд.

ПретходноВујовиќ: Заглавивме во нападот, тоа е недозволиво во Лигата на шампиони
СледноОрие и Тотенхем го раскинаа договорот