Веднаш по завршување на дуелот меѓу ППД Загреб и Вардар 1961, СЕХА-лига ги објави полуфиналните двојки на фајнл-фор завршницата која ќе се одржи овој викенд во Задар.
Актуелниот македонски првак ќе ги одмери силите со Мешков Брест, додека пак во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Веспрем и Мотор. Овие средби се закажани за 3. септември.
Вардар е единствениот тим кој се пласирал на сите 10 завршници и засега е најтрофејниот тим во ова натпреварување, има пет титули. Бранител на тронот е Веспрем, кој има две помалку.