Вујовиќ: Заглавивме во нападот, тоа е недозволиво во Лигата на шампиони

441

Веселин Вујовиќ го одведе Вардар 1961 на фајнл-фор завршницата во Задар, каде за противник ќе го имаат тимот на Мешков Брест, меч кој се игра на 3. септември.

Македонскиот првак беше далеку од посакуваното ниво, имаше големи падови во играта, особено во нападот, последниот се случи во финишот на мечот, па малку ќе останеше со празни раце, на голема среќа ППД Загреб не се снајде најдобро во овие моменти.

„Игравме многу слабо во последните пет минути од мечот. Да не беше така, резултатот ќе беше многу подобар за нас. Морам да кажам дека двата тима заглавивме во организација на нападот, тоа е нешто што мора да го поправиме за да бидеме конкурентни во Лигата на шампиони“, изјави по мечот Вујовиќ.

ПретходноПотпиша за Јувентус и веднаш го испратија во Сампдорија
СледноБељерин по 10 години се врати во Шпанија, ќе ги брани боите на Бетис