Од Полска доаѓаат вести дека првиот човек на Келце, Бертуш Сервас, има намера да го урне рекордот по бројот на еден ракометен натпревар. Имено тој најави дека во август 2023 година, ќе се одигра пријателски натпревар меѓу неговиот Келце и Барселона, на кој ќе присуствуваат најмалку 60.000 фанови. Овој натпревар ќе се одржел, барем така се планира, на Нациналниот стадион во Варшава.
Ова всушност ќе биде егзибициски натпревар, а тој на својот Твитер профил објави дека уште сега се бараат влонтери кои ќе помагаат во организацијата на тој спектакл.
Во случа овој меч да се одигра пред 60.000 гледачи тогаш ќе се урне и светскиот рекорд по број на посетители на еден ракометен натпревар. Рекордот досега во држеа РНЛ и Хамбург, кои во 2014 година во Франкфурт играа пред 44.189 гледачи.