Конте имал повик од Арсенал, но ги откачил затоа што ќе биде тв-коментатор

282

Италијанскиот фудбалски стратег Антонио Конте, кој моментално е без ангажман, веќе добил повик од раководството на Арсенал за да стане наследник на Микаел Артета на кормилото на „топчиите“, тврди англиски „Мирор“.

Според весникот, Конте кој го напушти Интер во текот на летото, откако се соочи со финансиски ограничувања од страна на сопствениците на клубот, имал телефонски разговор со некој од раководните луѓе на Арсенал, кои се распрашувале дали е заинтересиран да работи на „Емирати“.

Извор на весникот тврди дека Конте учтиво ги „откачил“ Англичаните со образложение дека оваа сезона нема да работи како тренер, туку ќе биде телевизиски стручен коментатор.

Антонио Конте ќе биде специјален ко-домаќин на италијанската тв-мрежа „Скај Спорт“ каде ќе ја има улогата на стручен коментатор на мечевите од Лигата на шампионите.

ПретходноЈувентус со писмо се раздели со Роналдо: „Чао Кристијано“
СледноФердинанд: Бруно ќе мора да му ги остави пеналите на Роналдо