МУНДИЈАЛСКИ КВАЛИФИКАЦИИ: Кошаркарите против Шпанија, Украина и Грузија

405

Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците за првите квалификациите во историјата за пласман на Светскиот Куп 2023 година. Предводникот на нашиот национален тим, Драган Бајиќ и неговите избраници во првата фаза ќе играат против: Шпанија, Украина и Грузија.

Квалификациите ќе почнат на 22 ноември. Ќе бидат поделени во две фази. Планирани се вкупно шест ФИБА „прозори“, или вкупно 12 натпревари за пласман на Светското првенство.

За пласман во следната фаза Македонија треба да заврши на едно од првите три места.

Група А: Србија, Словачка, Белгија, Летонија.

Група Б: Белорусија, Велика Британија, Грција, Турција.

Група Ц: Хрватска, Шведска, Финска, Словенија.

Група Д: Израел, Германија, Естонија, Полска.

Група Е: Франција, Португалија, Унгарија, Црна Гора.

Група Ф: Босна, Литванија, Бугарија, Чешка.

Група Г: Грузија, Македонија, Шпанија, Украина.

Група Х:  Русија, Холандија, Исланд, Италија.

ПретходноШкендија го потврди заминувањето: Бесарт – ти благодариме за сè!
СледноЦиципас го „извади од кожа“ Мареј (ВИДЕО)