Она што беше најавено во текот на вчерашниот ден, попладнево и е официјализирано. Македонскиот напаѓач Алекс Трајковски и официјално е нов член на Алборг, на еден од најголемите клубови во Данска.
Раководството на Алборг го промовираше нашиот репрезентативец и напомена дека “седумката“ ќе биде негова.
Со тоа конечно Алекс нема да биде веќе дел од Мајорка, каде што и покрај евидентните квалитети, тој не добиваше минутажа.