„Пеколни“ 60. минути за Вардар на патот кон Задар

315

Вардар 1961 вечерва (20 часот) му гостува на ППД Загреб во вториот четвртфинален натпревар за пласман на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, која ќе се одржи во Задар.

Македонскиот првак има предност од четири гола, првата средба во Скопје заврши со триумф за „црвено-црните“ од 24-20. Оваа позитива е доволна, но опиплива, особено ако се земе во предвид дека хрватскиот тим ќе оди на се или ништо.

И не е само ова. За дуелот со Вардар 1961 влезот во салата „Сутинска врела“ ќе биде бесплатен, а истата има капацитет за 1.300 гледачи. Од таборот на ППД Загреб ги повикаа фановите да ги поддржат.

Ракометарите на македонскиот првак се свесни дека нема да биде лесно, но се сигурни дека со паметна игра ќе се успеат да го заверат местото на десетата Ф4 завршница.

„Имавме време да го анализираме првиот натпревар во Скопје. Знаеме дека натпреварот во Загреб ќе биде исто толку тежок како оној што го одигравме во Македонија. Сигурен сум дека тие ќе се обидат да променат некои работи во нивната игра и ние треба да играме онака како што ни кажува тренерот“, изјави Јан Чувара. 

По завршувањето на оваа средба ќе биде ставен крај на една долга традиција во СЕХА-лига, од почетокот на нејзиното формирање, Вардар и Загреб се редовни учесници на фајнл-фор турнирите. За првпат после девет години еден тим нема да има шанса да се бори за титулата.

ПретходноЛиверпул потпиша нов договор со капитенот Хендерсон
СледноТрансфер „бомба“: Барселона и Јунајтед во преговори за Кавани