Холандскиот играч од средниот ред Мохамед Итахарен денеска потпиша четиригодишен договор со Јувентус, меѓутоа нема да стапне во Торино туку експресно е испратен на позајмица на една сезона во редовите на Сампдорија.
Се работи за младински холандски репрезентативец, има 19 години и во Јувентус дојде од редовите на ПСВ за кои играше прво во младинските категории, а од 2019 и за сениорите. „Старата дама“ за него платила 5,5 милиони евра.
Прекарот му е „Иби“ затоа што со својот стил на игра потсетува на поранешниот холандски репрезентативец Ибрахим Афелај. Добра контрола на топка и дриблинг се неговите главни карактеристики. Инаку потекнува од Мароко, но роден е во Утрехт.
Што се однесува до Сампдорија, тие денеска обезбедија уште едно ново име – ветеранот Франческо Капуто кој доаѓа од Сасуоло.
Напаѓачот доаѓа на позајмица, а Сампдорија ќе плати 500.000 евра со опција да го откупи договорот за 3,5 милиони.