Македонската фудбалска репрезентација го одржа денеска вториот тренинг по собирот, со кој ги продолжи подготовките за дуелот со Ерменија за пласман на СП 2022 година.
„Рисовите“ предводени од селекторот Благоја Милевски и во комплетен состав, го одработија денешниот тренинг на теренот на ФФМ.
Утре следува официјалната прес-конференција, официјалниот тренинг на „Арената“, пред мечот кој задутре се игра во Скопје во 20:45 часот.