Санчез се враќа во Премиер-лига?

315

Ова лето видовме неколку неверојатни трансфери, многумина веруваат дека и на последниот ден може да се случи некоја „бомба“.

Англиските медиуми објавија дек Вулверхемптон сака во финишот да го донесе Ренато Санчез. Португалскиот фудбалер има одлична сезона во Лил и подготвен е да се врати на големата сцена. „TalkSport“ објави дека раководството на премиер-лигашот веќе неколку дена е во контакт со Лил и дека успеале да постигнат договор.

Неофицијално Санчез ќе дојде на еднагодишна позајмица, а англискиот клуб следното лето ќе има шанса да го откупи неговиот договор.

ПретходноБајиќ по ждрепката: Нашите ривали нека размислуваат за нас!
СледноОфицијално: Алборг се пофали со Алекс Трајковски!