Репрезентативецот Стефан Спировски, не е повеќе дел од АЕК Ларнака. Двете страни се договориле за прекин на соработката, и Спировски ќе треба да бара нова средина.
Раскинот го објави неговиот клуб, а Спировски се наоѓа со националниот тим на подготовки за дуелите со Ерменија, Исланд и Романија.
Спировски дојде во АЕК Ларнака од тимот на Хапоел Тел Авив, а претходно беше дел од Ференцварош. Играше и за Вардар, Пелистер, Работнички, Берое и Борец Чачак.