УС ОПЕН: Медведев без проблеми против Гаске, елиминација на Кирјос

175

Во последниот дуел од првиот натпреварувачки ден на УС Опен, вториот носител Данил Медведев успешно ја мина првата пречка и обебзеди пласман во втората рунда. Медведев го совлада Ришар Гаске во три сета за нешто помалку од два часа игра со 6:4, 6:3, 6:1.

За рускиот тенисер ова беше 200-тата победа во кариерата.

Во второто коло Медведев ќе игра со германскиот тенисер Доминик Кепфер, кој беше подобар од квалификантот Квентин Хајлс.

Само еден час и 50 минути на теренот беа доволни и за Роберт Баутиста Агут да го победи Ник Кирјос во три сета и да се пласира во следното коло. 18. носител славеше со резултат 6:3, 6:4, 6:0.

Ривал на Шпанецот во второто коло ќе биде Емил Русовори.

ПретходноХрватот Влашиќ е нов фудбалер на Вест Хем
СледноПОСЛЕДЕН ДЕН: Кога точно се затвора трансфер пазарот во Европа