Фалкао ќе му биде соиграч на Димитриевски

331

Колумбискиот голгетер Радамел Фалкао ќе биде нов играч на шпански Рајо Ваљекано за кого игра македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. 35-годишниот напаѓач победа да го раскине договорот со Галатасарај со што му било овозможено, а на маса имаше три понуди од Специја, Џенова и Рајо Ваљекано.

„Ел Тигре“ ја прифатил онаа на Ваљекано и во наредните часови трансферот треба да биде официјализиран.

Фалкао е екс-фудбалер на Ривер, Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед и Челзи. Со Порто и со Атлетико ја освојуваше Лигата на Европа. Во две сезони 2010/11 и 2011/12 беше најдобар стрелец во Лигата на Европа како и играч на финалните натпревари во истите сезони.

ПретходноЧелзи во самиот финиш донесе големо засилување од Атлетико
СледноНишто од Мбапе во Реал: ПСЖ одби фантастични 220 милиони евра!