Челзи во самиот финиш донесе големо засилување од Атлетико

668

Шпанскиот играч за врска Саул Нигуез станува нов член на Челзи, пренесуваат релевантни светски медиуми. Саул, подолго време се поврзува со англиски клубови, прво со Манчестер Јунајтед и Ливерпул, меѓутоа борбата ќе ја добие Челзи – европскиот првак.

Саул е играч на Атлетико, а Челзи по Ромелу Лукаку заклучи уште еден голем трансфер во самиот финиш на преодниот рок. Угледниот експерт за трансфери Фабрицио Романо пренесува дека работата е завршена, а Саул доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ на позајмица вредна пет милиони фунти. Исто така Челзи ќе има право да го откупи договорот.

Шпанскиот репрезентативец треба да пристигне во Лондон утре и да потпише договор.
FOTO> Twitter/Fabricio Romano

ПретходноФрајбург го отвори новиот стадион со капацитет од 36 илјади места
СледноФалкао ќе му биде соиграч на Димитриевски