Она што ексклузивно го најави Спортмедиа пред два дена, денеска Шкендија и го потврди. Бесарт Ибраими не е веќе дел од таборот на шампионот. По пет години престој, голем број титули, “кралот на головите“ и Шкендија го раскинаа договорот и тој сега кариерата ќе ја продолжи во Ксанти, каде што веќе потпиша двогодишен договор.
Тетовци предмалку излегоа со официјално соопштение во кое стои дека клубот му се заблагодарува на Бесарт Ибраими за се она што тој и даде на Шкендија во изминатиот период.